Доколку поседувате електронски идентитет во Републиката Албанија или во Републиката Северна Македонија и доколку ви е доделен Идентификациски Број на Отворен Балкан, тогаш може да поднесете Барање за Одобрување на слободен пристап до пазарот на труд во Република Србија, преку овие електронски услуги.
Доколку вашето барање за слободен пристап до пазарот на труд во Републиката Србија биде одобрено, тогаш електронската документација за одобрениот слободен пристап до пазарот на труд ќе ви биде доставен на вашата електронска адреса. Одобрувањето важи две години.
Користењето на овие услуги ви овозможува вашето барање за слободен пристап до пазарот на труд во Републиката Србија да биде обработено на ефикасен и брз начин, а одговорот во врска со барањето да биде доставено по електронски пат,без посета на шалтери на повеќе државни институции во Република Србија и плаќање на административни такси ,пропишани за одобрување на привремен престој или работна дозвола.